ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Косовец со бугарско „бмв“ излетал од автопатот Куманово – Скопје

Косовец со бугарско „бмв“ излетал од автопатот Куманово – Скопје

28

Вчера во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Рафинеријата, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.К.(41) од Косово, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПретходнаКривична пријава за скопјанецот кој предизвика пожар на мостот „Беласица”
СледнаИсчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје