ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Голема трагедија кај Стража, најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени

Голема трагедија кај Стража, најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени

312

Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево на превојот Стража.

Според СВР Тетово, околу 12 часот пријавено е дека на магистралниот пат автомобил „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Македонија пат“.

Возачот на „шаранот“ Б.Н. (49) од Охрид починал на самото место, а три лица – странски државјани од Англија и Суринам (Јужна Америка) се здобиле со повреди. Повредените набрзо се пренесени за укажување на лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Претходна“Ист Гејт Мол“ повторно е отворен за посетители по пожарот, но без еден дел
СледнаТошковски наредил внатрешна контрола да испита како постапила полицијата во случајот со Вања и Панче