ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Ништо од дербито – Барса го разнесе Атлетико среде Мадрид

Ништо од дербито – Барса го разнесе Атлетико среде Мадрид

96

По подолго време, Барселона изби на второто место на табелата во Ла Лига откако вечерва славеше во дуелот што требаше да биде дерби на 29. коло.

Иако драстично ослабени, без петмина првотимци, „каталонците“ го победија Атлетико со 3-0 на „Метрополитано“ и покажаа дека не се откажуваат ни од борбата за титула во Примера, ни во Лигата на шампионите. Иако повеќе од 40 минути немаше ниедна изгледна шанса за гол, Барса на крајот можеше да слави и уште поубедливо.

Резултатот го отвори фудбалерот на Атлетико на позајмица во Барса, Жоао Феликс во 38. минута, продолжи Левандовски во 47., а точка стави Фермин Лопез на средината од второто полувреме. Левандовски беше убедливо најдобар играч на мечот со еден постигнат гол и две асистенции.

Барса сега ја помина Жирона и има 64 бода, но негативата во однос на Реал останува осум бода на девет кола пред крајот на сезоната. Атлетико испадна од топ-4 и сега се наоѓа на петтата позиција.

ПретходнаНов, посилен земјотрес во Црна Гора, се тресеше и Босна и Херцеговина
СледнаОткриен еден од подметнувачите на пожар во кафе бар во Охрид