ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Возачките дозволи ќе важат уште десет месеци до крајот на годината

Возачките дозволи ќе важат уште десет месеци до крајот на годината

476

Собранието ја почна расправата за измените на законот за безбедност во сообраќајот со кои возачките дозволи и со старото уставно име ќе важат до крајот на годините, а не до утре како што беше согласно актуелната верзија на Законот донесена поради преспанскиот договор.

Претходно Стево Пендаровски во изјава за повеќе медиуми при настан во Чаир прв ја соопшти информацијата дека сите возачки дозволи без разлика дали со уставното име Република Северна Македонија или старото Република Македонија, ќе важат до крај на годината.

-Вчера разговарав со претседателот на Собрание, му сугерирав да ги собере сите пратенички групи и да се обидеме да ја надминеме оваа ситуација која е неиздржлива од аспект на интересите на нашите граѓани. Можам да ве информирам дека сите пратенички групи, безмалку сите пратенички групи дадоа согласност за тој предлог. Денеска во 16 или 17 часот е закажана Седница на Парламентот колку што јас знам на која ќе се донесе измена на Законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешниот правен промет, се разбира, на возачките дозволи до крајот на годината, претпоставувам во Законот ќе стои 10 месеци плус. Треба да се сменат во тие следни 10 месеци, да се заменат околу 270 илјади возачки дозволи. Значи, добро е што конечно се оди во таа насока и што партиите, и од власта и од опозицијата, постигнаа конечно консензус за едно прашање кое е од значење за сите граѓани, изјави Пендаровски.

ПретходнаСерија апсења на повеќе локации низ Македонија, МВР со детали
СледнаНов случај на ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Девојчиња истепале врсничка во Аеродром