ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Панче Тошковски ќе ја предводи МВР во следните 100 дена: Колку е...

Панче Тошковски ќе ја предводи МВР во следните 100 дена: Колку е паметно на таа позиција да стои правник?

129

ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски информираше за одлуките кои биле донесени на седницата на Извршниот комитет на партијата, а се однесуваат на предлозите за министри и заменици министри за техничката владата.

На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат. За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, висок професионалец во областа на финансиите. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика. За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Имено, Панче Тошковски е адвокат и претседател на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ. Како адвокат, тој можеше да се види во судниците како бранител на дел од обвинетите во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.

Освен во Кривичниот, Тошковски често беше и во Граѓанскиот суд каде што застапуваше членови и функционери на партијата во повеќе парнични постапки. Една од нив е и онаа во која министерката за одбрана Славјанка Петровска го тужеше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Неколку месеци пред парламентарните избори во 2020 година, Тошковски се најде во средината на обвинувањата кои дојдоа од СДСМ и од тогашниот претседател на партијата Зоран Заев. Обвинувањата беа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во периодот додека бил директор на АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), сега Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), прво склучил договор за адвокатски и советодавни услуги со Тошковски во износ од 1,6 милиони денари или 25 000 евра, за период од две години.

Пет месеци подоцна, како што тврдеа тогаш од СДСМ, односно во март 2017 година, Мицкоски склучил нов договор со адвокатот, вреден 8 850 000 денари или 143 000 евра, за адвокатски услуги.

Тошковски ги отфрли ваквите обвинувања, оценувајќи ги како целосно неточни, измислени и манипулативни.

ПретходнаУчилиште ги тргна огледалата од тоалетите – учениците земале премногу паузи за да снимаат видеа
СледнаНе смееле да апсат таму? сепак апсат: Голема полициска акција во Грчец – ова се деталите