ПОЧЕТНА СВЕТ НАЈГОЛЕМА загуба од почетокот на војната: ОВА е бројката на изгубени војници...

НАЈГОЛЕМА загуба од почетокот на војната: ОВА е бројката на изгубени војници на Изреал во Газа за само 24 часа

115

Израелската армија соопшти дека најмалку 21 нејзин војник загинал во Појасот Газа, кога две згради се урнале по голема експлозија и тенк бил погоден од проектил.

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, израелската армија сè уште ја истражува причината за експлозијата, но се верува дека е предизвикана од проектил истрелан кон зграда во која биле складирани мини.

Нетанјаху: Израел нема да се обврзе да стави крај на војната по ослободувањето на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не може да се обврзе да стави крај на војната доколку планира да продолжи да се бори по ослободувањето на заложниците.

За време на состанокот со семејствата на заложниците, Нетанјаху бил запрашан зошто Израел не може едноставно да се согласи да ја прекине војната за да обезбеди ослободување на преостанатите заложници, а потоа повторно да ги започне борбите откако киднапираните ќе бидат вратени.

Премиерот одговорил со објаснување дека таков договор ќе бара од Израел да пружи гаранции на американските, египетските и катарските посредници дека тој не може да биде прекршен веднаш по ослободувањето на заложниците, објави Канал 12.

Нетанјаху пред претставниците на семејствата на заложниците за време на средбата навел дека информациите за предлогот на Хамас за ослободување на нивните најблиски се лажни и дека милитантната група не дала таква понуда.

ПретходнаСитуацијата воопшто НЕ Е ДОБРА: Позната состојбата со грип на Инфективна клиника – ова се деталите
СледнаШто е многу, многу е: За два дена 29 тетовци скршиле рака или нога од лизгање на мраз