ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ситуацијата воопшто НЕ Е ДОБРА: Позната состојбата со грип на Инфективна клиника...

Ситуацијата воопшто НЕ Е ДОБРА: Позната состојбата со грип на Инфективна клиника – ова се деталите

98

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси.

– Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави вчера министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Пациентка на возраст од 65 години, со кардиоваскуларни болести поради многу влошена состојба итно е префрлена од Клиниката за пулмологија и алергологија на Инфективната клиника и е ставена на респиратор. Од Клиниката за пулмологија и алергологија објаснуваат дека со компликации на грип имаат седум пациенти.

–Пациентката е со екстромно лоша сатурација и мора на респиратор. Заштита од грип може со вакцина, но тој што ја прима мора да биде здрав, не може да се вакцинира некој што има симптоми на грип“, вели проф.д-р Деан Докиќ директор на Клиника за пулмологија и алергологија додавајќи дека не е доцна за вакцинирање.

Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.

– Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.

ПретходнаУжасна несреќа на патот Свети Николе – Скопје: Една жена е тешко повредена, тројца завршија во болница
СледнаНАЈГОЛЕМА загуба од почетокот на војната: ОВА е бројката на изгубени војници на Изреал во Газа за само 24 часа