ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Што е многу, многу е: За два дена 29 тетовци скршиле рака...

Што е многу, многу е: За два дена 29 тетовци скршиле рака или нога од лизгање на мраз

98

По снегот што падна во саботата и студениот бран што го зафати Тетово вчера, замрзнаа тетовските улици и тротоари и за 24 часа, на 22 жители им била укажана медицинска помош поради скршеници на нозете или рацете на Ортопедското одделение од Клиничката болница.

„Има зголемување на бројот на повредени лица поради зимските услови. Во неделата, за 24 часа бележиме 22 скршеници, додека денес од 8 до 12 часот имаме евидентирано седум лица со фрактури на екстремитетите. Повредите пред сè се на подлактницата кај рацете или на потколеницата кај нозете. Повредените се од сите возрасни категории, од деца до возрасни“, вели д-р Ертан Рустеми, шеф на Одделението за ортопедија при Клиничката болница во Тетово.

Од Општина Тетово деновиве соопштија дека редовно ги чистат улиците и тротоарите од снегот кој падна во саботата, а проодни ги одржуваат и регионалните патишта.

„Исчистени се пешачките премини и тротоарите долж булеварот Илирија, а оваа активност ќе продолжи и на другите улици и булевари, за да се овозможи слободно и непречено движење“, соопшти Општина Тетово.

Покрај на Општината, чистењето на снегот и мразот е обврска и на сопствениците на трговските објекти и жителите на станбените единици, кои треба да го исчистат просторот пред нивните дуќани или влезови во куќите или зградите, но ретко кој презема некаква активност за чистење на снегот и мразот.

На социјалните мрежи се појави и видео поврзано со Љупчо Палевски, слушнете за што се работи:

ПретходнаНАЈГОЛЕМА загуба од почетокот на војната: ОВА е бројката на изгубени војници на Изреал во Газа за само 24 часа
СледнаЃорѓе се чувствува лошо и не може да спие по трагичната несреќа во Македонија – постојано го слуша ОВА