ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вонредна одлука, сите треба да ја знаат: ЈСП од 9 часот прекинува...

Вонредна одлука, сите треба да ја знаат: ЈСП од 9 часот прекинува да вози – ќе нема градски превоз во главниот град

122

Утринава јавен превоз ќе има само неколку часа. Ова е одлуката на синдикатот на ЈСП по синоќешниот состанок. Ја бараат декемвриската плата.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Прашан доколку во понеделник се донесе одлуката за субвенции на седницата на Советот на Град Скопје, дали истиот ден ќе биде воспоставен повторно јавниот превоз, тој посочува дека и доколку се донесе таа одлука, нејасна е процедурата оти не се знае кога ќе биде исплатена плата. Тој потсетува дека одлуката за субенциите на ЈСП досега три пати била на седница на Советот, и три пати била ескивирана.

Вонредната седница на Советот на Град Скопје на која како единствена точка на дневен ред е одлуката за субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП, е закажана во 11 часот. Ова е четврти пат како одлуката за субенциите на ЈСП се става на седница на Советот на Град Скопје.

За ситуацијата во ЈСП, градоначалничката Данела Арсовска го обвини Советот на Град Скопје.

-Оние одлуки што беа за редовното функционирање поврзани со буџетот на Град Скопје, уредно ги доставив до Советот и претседателот, дури свикав и една итна седница, која што тој одлучи со своето дискреционо право, точките кои беа најважни за претпријатијата на Град Скопје, да ги отстрани од дневниот ред. Како што можете да видите побаравме нова вонредна седница, истата се уште не е свикана до овој ден. Јас се надевам дека прво одговорност ќе имаат со функцијата што ја имаат, доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна се што сме можеле сме направиле, рече Арсовска.

На 20 октомври 2022 година, Скопје првпат во историјата остана без јавен превоз, оти автобусите на ЈСП почнаа штрајк оти немаа земено плата за септември, а раководствата на претпријатието и на Град Скопје не најдоа решение како навреме да им се исплати. Истиот ден, на вонредна седница Советот на Град скопје пренамени околу 2 милиона евра од други проекти од буџетот за плати во ЈСП „Скопје“, по што автобусите почнаа да возат. Додека штрајкуваше ЈСП, возеа само приватните превозници.

Бонус видео: Невремето направи хаос на патиштата во Македонија

ПретходнаНа аеродромот во Белград настана грешка со патниците од Македонија – па целосно блокира аеродромот, откажани сите летови
СледнаНа Скопје му се заканува колапс: ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше субвенциите за ЈСП