ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На Скопје му се заканува колапс: ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше субвенциите за ЈСП

На Скопје му се заканува колапс: ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше субвенциите за ЈСП

137

Каков ќе биде одговорот на вработените и на раководството на ЈСП по ваквиот исход допрва ќе се знае. Но, имајќи предвид дека пред почетокот на седницата од Синдиокатот на ЈСП рекоа дека вработените нема да бидат задоволни со парцијални решени и дека во таков случај ќе биде стопиран јавниот градски превоз во Скопје, можно е да се очекува дека тоа ќе биде случај наредните денови.

Доколку се изгласаа субвенциите, вработените беа потготвени денеска попладне да се вратат на улиците на главниот град. Покрај автобусите на ЈСП, поради настанатата ситуација не сообраќаат ниту автобусите на приватните превозници.

На расправата беше воочилива поларизираноста меѓу директорот на ЈСП, градоначалничката Данела Арсовска и советниците од СДСМ од една и нивните колеги од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од друга старана, според кои ЈСП работи нетранспаретно, неотчетно и не ги спроведува одлуките донесени од Советот на Градот.

Советот на Град Скопје на дешената вонредна 13. Седница не ја донесе одлуката за давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за 2024 година, а во чие очекување вработените во претпријатието утрово во 9 часот прекинаа да сообраќаат по скопските улици, во знак на протест бидејќи поради неисплатените субвеници ја немаат добиено декемвриската плата.

Барањето за доделување на субвенции го поддржаа 22 членови на Советот, 11 гласаа „воздржано“, а советници кои се изјаснија „против“ немаше.