ПОЧЕТНА СВЕТ Утринава лоша вест го разбуди светот: Се урна авион – мали се...

Утринава лоша вест го разбуди светот: Се урна авион – мали се шансите да има преживеани

196

Полицијата во северен Авганистан примила извештаи за авионска несреќа во провинцијата Бадакшан, изјави во неделата портпарол на провинциската полиција.

Според Ројтерс, портпаролот на локалната полиција во соопштение изјави дека несреќата се случила во текот на ноќта во оддалечениот, планински регион Бадакшан на крајниот север на Авганистан.

Авганистанската полиција не го потврди типот на леталото, причината за несреќата или жртвите, а руската контрола на летање објави дека се работи за авион Dassault Falcon 10 кој превезувал шест лица на летот од Индија до Москва.

Бонус видео: Невремето направи хаос на патиштата во Македонија