ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Бидете во ТЕК: Забрана за возила на повеќе локации низ Македонија –...

Бидете во ТЕК: Забрана за возила на повеќе локации низ Македонија – дознајте кои

99

Поради интензивни снежни врнежи, попладнево, од 16 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и на Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.

Поради врнежите од снег, според информациите на јавното претпријатие „Македонијапат“ и Авто мото сојузот на Македонија, од 11:25 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен кај планинскиот превој Ѓавато, на граничниот премин Јажинце, како и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево, на патот од Маврово кон Дебар, како и на патниот правец од Струга кон граничниот премин Ќафасан.

Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08:40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

Од јавното претпријатие „Македонијапат“ апелираат до возачите да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.

ПретходнаХорор ја потресе државата: 28-годишен внук ја уби својата внука, веднаш заврши во затвор, се најавува пеколна казна
Следна(ВИДЕО) Снимка која ја шокира цела Македонија – снегот носи се пред себе, вакво нешто не се памети