ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Скопје и утринава „гази“ кон врвот: Повторно еден од најзагадените градови во...

Скопје и утринава „гази“ кон врвот: Повторно еден од најзагадените градови во СВЕТОТ

86

Загаден воздух пак изутринава дишат скопјани, покажуваат податоците на двете интернет страници што ја мерат загаденоста на воздухот. Според страницата Iqair.com индексот на загадувањето на воздухот околу 6 часот е 152 и со што македонската метропола е рангирана на 13 место во светот според загаденоста. Најприсутни се штетните ПМ2,5 честички со концентрација 56,7 микрограми на кубен метар воздух.

-Воздухот е нездрав за дишење. Не треба да се излегува надвор за физички активности, носете маска и затворете ги прозорците, препорака е што ја дава ова интернет – страница.

Најзагаден град во светот утринава е Карачи, Пакистан, со индексот 278.

Нездрав воздух во Скопје покажуваат и податоците на интернет-страницата waqi.info. На неа, најзагаден воздух се има во Ѓази Баба, со индексот 164 микрограми штетни честички на кубен метар воздух. Во Ѓорче Петров индексот е 163. Нездрав воздух има и во Тетово, Гостивар, Битола, Струмица…

Целата вест на Скопско ехо – клик ТУКА.

ПретходнаСКАНДАЛ: Германците им ги одземале знамињата со вергина на Македонците – еве како реагирале нашите
СледнаТројца министри имаат вработено свои роднини во М-НАВ: Дали тоа е непотизам?