ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР СКАНДАЛ: Германците им ги одземале знамињата со вергина на Македонците – еве...

СКАНДАЛ: Германците им ги одземале знамињата со вергина на Македонците – еве како реагирале нашите

42

Голем скандал предизвикал организаторот на Европското ракометно првенство на вчерашниот натпревар помеѓу Германија и Македонија, откако обезбедувањето на влезот во салата во Берлин детално ги проверувал македонските навивачи и им ги одземал сите реквизити на кои го имало Македонскиот национален симбол со 16-краката ѕвездата од Кутлеш.

Голем број на навивачи синоќа реагираа за ова на социјалните мрежи, а еден од најверните, кој секаде ја следи Македонија, Наце Митев, испрати порака до германците: „Немате толку обезбедување, колку што имаме ние знамиња“.

Поранешното знаме на Македонија, но и симбол на сите Македонеци во светот, е неизоставен дел од сите големи спортски натпреварувања каде настапува Македонија, симбол кој ги обединува сите Македонски навивачи, и навистина е несфатлив потегот на домаќинот да го забрани неговото истакнување на трибините во Берлин. Сепак, Македонците на различни начини се снаоѓаа и успеваа да го внесат на трибините кои блеснаа со голем број на знамиња со 16-кракото сонце од Кутлеш.

ПретходнаНАТО веќе знае: Русија ќе нападне нови држави – еве кога и КОИ
СледнаСкопје и утринава „гази“ кон врвот: Повторно еден од најзагадените градови во СВЕТОТ