ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Секое трето возило има зелен картон, другите уште ќе имаат црвен?

Секое трето возило има зелен картон, другите уште ќе имаат црвен?

106

Возниот парк на македонските граѓани е скромен. Да, знаеме дека некои возат прескапи возила, но просекот е се уште многу позади она што го има во поразвиените земји на ЕУ. Едноставно, не може просечниот граѓанин да плати за подобро, помодерно возило.

Е, ама ако сака да вози во странство мора да најде пари за „зелен картон“. Затоа и има многумина кои го немаат, а пак голем дел од граѓаните го купуваат.

Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании во Македонија издале 260.815 зелени карти – осигурување неопходно за возење на автомобили во странство. А има во Македонија вкупно осигурано дури 697.700 возила. Ова го соопшти денеска Агенција за супервизија на осигурување (АСО). Оттаму додаваат дека тоа е зголемување во однос на годината пред неа.

-Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 1,3 милијарди денари (21,16 мил.евра), се наведува во соопштението од АСО.

Зелената карта, познато е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Според сегашни цени, цена на едномесечна зелена карта за возилата до 66 KW изнесува 1.850 денари, за цела година 3.690 денари. За возилата над 66 KW цената за еден месец е 3.065 денари, а за 12 месеци 5.536 денари.

Од АСО најавуваат дека и натаму работат на процесот на либерализацијата на цените.

– АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ, се наведува во соопштението.

Инаку, познато е , прашањето на либерализација на цените за осигурувањето на автомобилите во Македонија е актуелно повеќе години, но околу тоа се уште нема конечен договор. Насока на европските директиви е зелениот картон да стане стане дел од полисата за автоодговорност што ќе ја добива секое возило при регистрацијата.

Таков закон, кој би предвидел сите возила при регистрацијата да добиваат и зелен картон, но истовремено и дополнително да плаќаат за него, се уште не е подготвен. Тоа, според најавите би довело до намалувањето на цената на зелениот картон, но, би се зголемил целокупниот износ кој сега се дава при регистрација на возило.

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.

ПретходнаДете на 5 години почина по вадење млечни заби: Момчето паднало во кома, 37 дена се бореше за живот, на крај не успеа
СледнаЗошто МПЦ-ОА крие што преговара со Вселенската патријаршија?