Почина поранешниот контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Диневски.
Тој е еден од осудените во аферата Шпион, која до денеска ја следат бројни контроверзи, а според обвинетите, се работи за целосно монтиран случај.
Веста за смртта на Диневски се шири преку социјалните мрежи.
„Уште една жртва на ШПИОН, по татко му и брат му, замина и АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ ДИНКА… Слава му!“, напиша новинарот Зоран Божиновски.
Од него се опрости и популарниот Божидар Божиновски кој напиша:
Денес почина еден голем човек и борец, историска личност важна за осамостојувањето на Македонија без крв Александар Диневски. Никогаш не го испивме кафето шо го договаравме, многу муабети ни останаа недовршени. Нека ти е светол патот и сочувство до семејството.