Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.
Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со шест ПП возила.
Фото: МИА