ПОЧЕТНА СВЕТ Видео: Група вооружени мажи упаднаа во телевизиско студио во живо во Еквадор

Видео: Група вооружени мажи упаднаа во телевизиско студио во живо во Еквадор

149

Група вооружени мажи упаднаа во телевизиско студио во живо во Еквадор и им се заканија на вработените .

Директниот пренос на телевизиската станица во градот Гвајакил беше прекинат од групата која носеше качулки на главата и беше вооружена со пиштоли. Персоналот беше принуден да седне на подот, пред да се прекине преносот во живо.

Вчера во Еквадор започна 60-дневна вонредна состојба, откако од затворска ќелија исчезна најозлогласениот еквадорски криминалец познат по прекарот Фито. Полицијата влезе во телевизијата по 30 минути откако првпат се појавија вооружените напаѓачи..

Националните полициски сили на земјата објавија дека персоналот бил евакуиран од студиото. Инаку најмалку седум полицајци се киднапирани од членови на бандата.

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој ја презеде функцијата пред три месеци како најмлад претседател во историјата на земјата, прогласи вонредна состојба за период од 60 дена, која меѓу другото вклучува и привремена забрана за јавни собири и полициски час.