ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Двајца патници на синџири околу вратот имале врзано купчиња замотано злато тешко...

Двајца патници на синџири околу вратот имале врзано купчиња замотано злато тешко 248 грама

99

Златeн накит вреден 12 илјади евра две лица се обиделе да го изнесат од земјава без да го пријават кај царинските органи. Тие златото во купчиња го имале замотано и врзано на синџири околу вратот. Вкупната тежина на запленетото злато изнесува 248 грама.

„Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато.

Едниот од патниците околу вратот носел една црна врвка и еден синџир на кои биле прикачени два купа готов златен накит со тежина од 201,82 грама што биле замотани во креп трака. Другиот патник на вратот носел ланец на којшто имал прикачен куп од повеќе прстени со тежина од 46,48 грама“, велат од Царината.

Златото е привремено одземено, против едното лице ќе биде поднесена кривична пријава, а против другот прекршочна, информираат од Царинската управа.

Погледнете го видеото од прославата на Јанкулоска со фамилијата за Бадник и Божиќ

ПретходнаВидео: Група вооружени мажи упаднаа во телевизиско студио во живо во Еквадор
СледнаАЛАРМАНТНО: Над 10.000 луѓе ќе останат на улица – без работа, доколку се изгласа законот за игри на среќа