ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФОТО: Беким Незири и други три лица поврзани со нападот во М-НАВ...

ФОТО: Беким Незири и други три лица поврзани со нападот во М-НАВ однесени во Кривичен суд

121

Четири лица поврзани со случајот со упадот во М-НАВ вечерва се однесени во Кривичниот суд. Од судот за МИА потврдуваат дека се донесени четири лица, но велат дека предлог обвинителен акт до нив сè уште не е пристигнат од Обвинителството.

Во меѓувреме телевизија Телма објави снимки од моментот кога лицата се носат во Кривичниот суд, а меѓу нив и Бекир Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранокот на ДУИ.

Неколку лица повеќе часови денеска беа на распит во полицијата за вчерашниот упад во М-НАВ и напад на вработени. Полицијата соопшти дека по налог на Основното јавно обвинителство се врши службен разговор со Б.Н.

Во соопштение доцна ноќеска МВР информираше дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица и оти наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

Според Јавното обвинтелство, како што информираа претпладне од прес-службата, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, а Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи.

Како што наведе МВР во соопштение по нападот, во 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир, односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата).

Нападот се случи по вчерашната прес-конференција на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација (М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот.

ПретходнаДосега необјавено ВИДЕО кое променува многу работи: Дали таткото Александар всушност открил дека Палчо и групата се сторители?
СледнаЕдно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Делчево – М.Каменица