ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Досега необјавено ВИДЕО кое променува многу работи: Дали таткото Александар всушност открил...

Досега необјавено ВИДЕО кое променува многу работи: Дали таткото Александар всушност открил дека Палчо и групата се сторители?

390

Сѐ уште се појавуваат нови информации за случајот со двојното убиство на Вања и Панче. На Јутуб каналот на „Срѓан Ного“ се појави видео каде се отвора сомнеж дека можеби токму таткото на малата Вања го открива целиот настан.

На кратката снимка се слуша како политичарот Ного вели дека има снимки од бензинска станица каде се гледа како Панче Жежовски е заедно со киднаперите, но и разговор на таткото на Вања со инспекторите. Според тоа што го кажува политичарот, а и краток видео материјал од разговорот се отвора сомнежот дека баш Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишно девојче Вања го открива целиот случај.

Во меѓувреме таткото на Вања беше медиумски оцрнет, а освен тоа доби и притвор и моментлно е приведен Александар Ѓорчевски.

Политичарот на видеото објаснува дека ќе објави нови инфорамции.

„Снимките докажуваат дека тој лично, а не полицијата, го открил, поврзал и разрешил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка, па ги предал доказите за што е неправедно осомничен, уапсен, и медиумски сатанзиран. Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста“, вели Ного во објавената снимка.

На видеото објавено на Јутуб каналот на Ного јасно се слуша како таткото Александар ѝ укажува на полицијата во самата постапка.

„Еве тука проаѓа со истите тие две коли со кои што го фаќаме карши Лукоил, значи таа е колата. Еве го поминаа, еве последен е застанат од страна, се враќа во рикверц, он подзастануваше претходно на Лукоил и сега се престројува, можно е право да иде. Што е ова Берлинго или што е, ова кај Папилон, карши Буњаковец, вели родителот Александар.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни