ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ЗНАЕТЕ: Фашистите ѕверски ги мачеле, но Страшо Пинџур и Мирче...

МОРА ДА ЗНАЕТЕ: Фашистите ѕверски ги мачеле, но Страшо Пинџур и Мирче Ацев никого не предале

79

Загинаа херојски. Беа млади лица кои се решени да ги дадат и сопствените животи за слобода на својот македонски народ. А народот ги памети, не ги заборава, туку постојано го чува споменот за нив.

Таква е приказната за народните херои од Македонија Страшо Пинџур и Мирче Ацев.

Голема и тешка била жртвата на Страшо Пинџур и на Мирче Ацев пред 81 година, кои беа заедно уапсени и ѕверски измачувани од бугарските фашистичките окупатори. Двајцата биле решителни слободари и антифашисти. Биле учесници и организатори на Народноослободителната борба на македонскиот народ во текот на Втората светска војна и во декември 1942 година биле уапсени.

Претходно, бил разбиен Велешкиот партизанскиот одред „Димитар Влахов“ по што Страшо Пинџур и Мирче Ацев дошле во Велес да ја консолидираат работата на партиската организацијата. На 19 декември 1942 г., бил извршен упад во куќата на Јован Митрев, при што тие двајца биле уапсени од бугарската полиција и спроведени во Обласната полициска управа во Скопје. Таму биле подложени на невидени измачувања од страна на иследниците.

Тогашниот началник на бугарската државна безбедност напишал во своите извештаи дека е зачуден како се тепање можеле да издржат Мирче Ацев и Страшо Пинџур, но дека не сакале никого да предадат од своите соборци, ниту да кажат било што за својата дејност. Според сведоштвата, и покрај ѕверското мачење Мирче не проговорил ниту збор, а Страшо извикал: „Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“. Се наведува дека бугарските мачители дури со клешти им ги откорнале ноктите, сечеле прстите и им кинеле месо од телата.

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.

ПретходнаИгор Пехчевски добил повик да го прими лекот, ама вакво нешто не очекувал – ми кажаа дека има и ПРОБЛЕМ
СледнаТРИ големи проблеми кои Данела треба да ги реши оваа година – дали се согласувате со ова?