ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Игор Пехчевски добил повик да го прими лекот, ама вакво нешто не...

Игор Пехчевски добил повик да го прими лекот, ама вакво нешто не очекувал – ми кажаа дека има и ПРОБЛЕМ

111

Денес добив повик од докторката што не води на Пулмологија, за да ме извести дека добила список да ме повика за терапија, за да го примам долго очекуваниот лек Трикафта кој за мене живот значи.

Но ми кажа дека има и еден проблем.

Апартманот кој ни е доделен на Пулмологија еден и единствен за да се хоспитализираме болните од Цистична фиброза е зафатен со некој друг пациент кој не е болен од Цистична фиброза. Поради тоа ми понуди да бидам сместен во некоја друга соба без веце и треба да го поминам целиот долг ходник за да стигнам до вецето кај што има секакви пулмонални заболувања.

Барам да бидам содветно третиран со лекот Трикафта како сите други пациенти што го примија лекот во почетокот на 2023 година и сега тие пациенти што го примаат лекот на Детската клиника кои се исто над 18 години и кои не припаѓаат на клиниката по возраст. А половина од тие што го примија лекот на Детска клиника по возраст се колку мене, дури и повозрасни од мене.

Уште еднаш Апелирам соодветно да бидам третиран на Детската клиника без ДИСКРИМИНАЦИЈА

Не ми нудете сместување за примање на лекот Трикафта во НЕ СООДВЕТНИ и НЕ СТАНДАРДИЗИРАНИ УСЛОВИ за ЛЕКУВАЊЕ на Цистична фиброза, па со тоа да ми го загрозите МОЕТО и така КРЕВКО ЗДРАВЈЕ.