ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ќе се формира посебна комисија за случајот со новороденчето на семејството Дамјановски

Ќе се формира посебна комисија за случајот со новороденчето на семејството Дамјановски

132

Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето.

Родителите претходно во изјава за порталот „Скопје1“ тврдеа дека персоналот се обидувал да го прикрие случајот како и дека не им било дозволувано да го видат своето дете.

Но Јовановска тврди дека биле запазени сите медицински протоколи. Појаснува дека во периодот на набљудување стандардна процедура е да не се откриваат информации во реално време на родителите.

Со случајот тврди била запозната веднаш откако педијатрите изразиле загриженост за отечената рака на бебето.

Според неа по пораѓајот не можело да се утврди дали станува збор за скршеница бидејќи немало оток но откако се појавил веднаш била направена рентген снимка која ги потврдила сомнежите.

Според Јовановска причина била лошата поставеност на бебето и дека во таква ситуација станува збор за предвидена компликација која не се случува често.

Tаткото на бебе родено на 31ви Декември на Универзитетската Клиника за гинекологија тврдеше дека од него и сопругата било криено дека новороденчето има скршена рака за што дознале кога за првпат им било дозволено да го видат.

Тој уверува и дека кога побарал информации бил избркан од една од сестрите, додека сопругата успеала да го види бебето на пет минути по низа инсистирања.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни