ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДУПКА ДО ДУПКА: Кога да очекуваме санирање на дупките во Скопје –...

ДУПКА ДО ДУПКА: Кога да очекуваме санирање на дупките во Скопје – напролет, наесен или?

93

Ударните дупки, заедно што нерамните шахти, се еден од најголемите проблеми во градот. Ги има насекаде и, доколку на време не се интервенира, се шират се повеќе – и како број и како површина на асфалтот. А најмногу во зимскиот период кога има врнежи од дожд и снег и минусни температури.

Така и оваа зима. На најфрекветните сообраќајници веќе „никна“ повеќе ударни дупки. Една таква, поприлично голема, ја забележавме на помошната сообраќајница која ја користат многу возила коишто поминуваат од улицата „Јордан Мијаклов“ и од Јужен булевар за да продолжат по улицата „Кирил и Методиј“ (поранешна „Мито Хаџивасилев – Јасмин“).

Дупката е одамна настаната и веќе претставува голем проблем бидејќи на возачите веќе им е тешко и да ја заобиколат. Надлежните од „Улици и патишта“ се уште не се нафаќаат да ја санираат. Вообичаено, акциите за поправање на ударните дупки се прават на пролет. Но, треба ли и во ваквите случаи да се чека толку долго? Некогаш треба да се интервенира побрзо.

Целиот текст на Скопско Ехо – клик ТУКА.