Багажник полн со пиротехника, тоа е причината поради која е приведен Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, претседател на ДУИ.
На фотографијата која ја обезбедивме се гледа дека во автомобилот на Ахмети има различни видови на пиротехника и огномети со различна големина.
25-годишниот Дрин Ахмети (познат и по обидот да ја преземе зградата Соравија во центарот на Скопје) бил сопрен и приведен поради небезбедно пренесување на пиротехника.