ПОЧЕТНА СВЕТ За ПРВ ПАТ во својата историја: Украина слави Божиќ на 25-ти декември,...

За ПРВ ПАТ во својата историја: Украина слави Божиќ на 25-ти декември, одлуката ја донесе Зеленски

39

Украинските православни христијани денеска присуствуваа на богослужбите додека земјата се подготвува по првпат да го прослави Божик на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија.

Многу православни цркви, вклучително и руската, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божик се паѓа на 7 јануари, а не според Грегоријанскиот календар што се користи во секојдневниот живот и во западните цркви.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека ќе им овозможи на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“.

Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици, наведува РСЕ.

Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина.

Политичкиот раскол доведе до тоа свештеници, па дури и цели парохии да се преселат од една во друга црква, а новата православна црква на Украина рапидно расте и презеде неколку црковни згради поврзани со Русија, со поддршка на украинската влада.

ПретходнаХОРОР ја потресе Македонија: Маж пронајден мртов на нива – се стравува дека до смрт бил изгризан од животни
СледнаВИДЕО: Страотни сцени од соседна Србија – протестите добија ДРУГА ДИМЕНЗИЈА, полицијата делува силно