Утрово вирален на социјалните мрежи стана статусот објавен на Јулиана Митровска, која раскажува за случката со полицијата. Еве што напиша:
-Утрово, бев во 06:30 со кучињата надвор и назад, темница уште… мириса на сите можни крајни отрови, преминував улица одејќи како што одам плус дополнително внимателно да не се лизнам и кола полициска поминува.
Застана и излезе млад полицаец и посака добар ден и ме праша дали ми е потребна помош. Кажав дека имам мс и затоа одам чудно. (Во тоа време чудно одат само тие што многу славеле).
Полицаецот – Да, затоа и прашал, дали може да помогне. Супер е тоа, што се присутни и внимаваат.
Убаво е чувството кога е присутна сигурност наоколу. Ова нема никаква врска со партии и избори, туку со професионалноста и човечноста.
Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни