ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Малку знаат, а треба ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА да го слави – што се...

Малку знаат, а треба ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА да го слави – што се случи пред 117 години?

85

Македонија има неколку великани кои посебно се двојат оти многу направиле за нејзината слобода и за слободата на Македонците. Еден од најистакнатите такви македонски дејци е Даме Груев. Го споменуваме и славиме и му се поклонуваме денеска оти на на денешен ден ( 23-ти декември, пред 117 години) Даме Груев херојски загинува бранејќи ја Македонија.

Со неколку свои соборци – комити тој ден се нашол во беровското село Русиново. Илинденското востание веќе пред три години било задушено, но тој ја продолжува борбата за слободна Македонија. Ги напаѓаат турските војници по што македонските комити се повлекуваат до блискиот врв Петлец, во месноста Валмето. Тука се отворила жестока борба и веќе ранетиот Даме загинува херојски.

Тој ден македонското револуционерно движење ја доживува своја најголема загуба по онаа случена во мај 1903 година со убиството на Гоце Делчев. Загинува и вториот колос во плејадата на македонски револуционери и дејци – Дамјан Јованов Груев, односно, Даме Груев. Еден од оние кои во тој период биле револуционери со душа и со срце, до крај верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина – ослободување на македонскиот народ.

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.

ПретходнаКочани завиено во црно, цела Македонија во солзи: Почина 16-годишно момче – донесено во болница во безсознание
СледнаМВР го расчисти случајот за физички напад во Штип – се е документирано