ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дали носите маска или како дишете: Воздухот во Скопје и утрово е...

Дали носите маска или како дишете: Воздухот во Скопје и утрово е нездрав за дишење

92

Воздухот во македонската метропола и утрово беше прекумерно загаден, покажуваат утринските податоци на двете водечки интернет страници кои ги објавуваат податоците за загаденоста на воздухот во светот.

Така, според веб-страницата Iqair воздухот во Скопје утринава во 6 часот е нездрав за дишење, а градот е рангиран на 12-то место во светот според загаденоста. Индексот на загадувањето е 163, а најзастапени се штетните ПМ2,5 честички.

На граѓаните им се препорачува да носат маски, да не излегуваат надвор и да ги држат затворени прозорците во своите домови.

И интернет страницата waqi.info објавува прекумерно загадување. Така, на пример, во Гази Баба, индексот на загаденоста е 175 и со тоа се дава предупредување дека воздухот е нездрав за дишење. Нездрав воздух е и во Ѓорче Петров каде измерениот индекс е 177.

Целиот текст на Скопско Ехо – клик ТУКА.

Претходна(ФОТО) Мора да го видите ова: Откако сите се смееа за првата елка во Скопје – сега има нешто ново
СледнаВо МАКЕДОНИЈА до Нова година нема да има летови? Контролорите најавуваат штрајк – еве ги деталите