ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во МАКЕДОНИЈА до Нова година нема да има летови? Контролорите најавуваат штрајк...

Во МАКЕДОНИЈА до Нова година нема да има летови? Контролорите најавуваат штрајк – еве ги деталите

93

Одлука дали ќе штрајкуваат во текот на новогодишните празници денеска се очекува да ја донесат контролорите на летање, членови на синдикалната организација во државната М-НАВ.

Најавата за штрајк следи откако раководството на М-НАВ распишало два огласи со критеируми кои, според синдикатот, се спротивни на договорот кој го постигнаа пред три месеца, а кадарот кој сакаат да го вработат не е потребен.

Членството денеска напладне ќе се собере и заеднички ќе реши дали ќе го одржат предупредувачкиот штрајк во понеделник од 10 до 17 часот и потоа повторно уште два дена, од 31 декември до 2 јануари. Тие бараат поништување на спорните огласи.

-Ние немаме проблем со министерот или со некој од Влада. Ние проблем имаме со нашите директори кои не ги почитуваат работите кои беа договорени. Ќе им пренесеме утре на членството и ќе знаеме дали ќе има промена околу цела оваа активност, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролорите на летање.

Целиот текст на Скопско Ехо – клик ТУКА.

ПретходнаДали носите маска или како дишете: Воздухот во Скопје и утрово е нездрав за дишење
СледнаРАСТЕ ЛИ, расте: Просечната плата во октомври 38.843 денари