ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Отворајте „четири очи“ на улиците: Празници се ближат, пешаци се движат…

Отворајте „четири очи“ на улиците: Празници се ближат, пешаци се движат…

64

Да ти е страв на улица да излезеш. Во Скопје, а и во други градови низ Македонија пак зачестија сообраќајните несреќи во кои загинуваат или се повредени пешаци. Мора да отвораат „четири очи“ и самите пешаци и оние кои се во возилата.

Пред недела дена во Нов Дојран загина пешак откако во него удрило патничко возило, во Скопје автомобил удри и тешко повреди 26-годишен пешак на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, а пред три дена во Струмица дури и полициското возило „Шевролет спарк“ удрило и повредило 53-годишен струмичанец…

Да не набројуваме повеќе. Јавноста се уште не ги заборави оние најтешки незгоди каква што беше таа лани кога во Велес беше удрено и загинало 11-годишното девојче, кога кај скопски Сити мол загина 24-годишна девојка… Сето тоа доволно предупредува дека опасноста од ваквите сообраќајки постојано демне.

Анализите покажуваат дека годишно во Македонија во сообраќајни незгоди гинат околу 30 до 35 пешаци, а дека повеќе од половина се лица над 60 години. Истовремено, со полесни и потешки повреди се здобиваат околу 750 лица. Тоа е сериозен показател колку е опасно да се биде пешак и колку е лесно можни сообраќајки.

Кои се главните причини за ваков поразителен биланс?

Целиот текст прочитајте го на Скопско Ехо – клик ТУКА.

ПретходнаДали се високи цените на становите во Скопје – ОВА мора да го знаете сите
СледнаВладата на СДСМ и ДУИ вработува над 500 луѓе, ВМРО-ДПМНЕ вели: Тоа не е добро