ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Исчезна двегодишно девојче, полицијата стравува од најлошото: Ситуацијата е опасна, температурите се...

Исчезна двегодишно девојче, полицијата стравува од најлошото: Ситуацијата е опасна, температурите се ниски и во Германија

120

Како се слави во штаб:

Скоро 200 луѓе синоќа трагале по исчезнато двегодишно девојче во германскиот град Бинген, пренесува „Билд“.

Од полицијата потврдија дека девојчето се уште не е пронајдено. Портпаролот на полицијата изјавил дека ова е многу опасна ситуација за детето, поради екстремно ниските температури.

Тој објасни дека е неопходна брза интервенција.

Беше започната опсежна потрага во која учествуваа полицијата, пожарникарите и техничките служби. Бидејќи реката Лаучер тече блиску до куќата на исчезнатото девојче, пристигнаа и нуркачи. Користени се четири дронови, хеликоптер и кучиња трагачи.

Полицијата соопшти дека потрагата била отежната поради густата магла и ниските температури.

Големата потрага беше прекината околу полноќ, но операцијата продолжи во текот на ноќта во помал обем, велат надлежните. Допрва треба да се реши натамошниот тек на операцијата. Полицијата засега не дава никакви информации за позадината на исчезнувањето на девојчето.

ПретходнаСамо во ЕДЕН град во Македонија температурата е НАД НУЛАТА – дознајте каде
СледнаУЖАС: Снајперист уби мајка и ќерка во парохијата на Светото семејство