ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Само во ЕДЕН град во Македонија температурата е НАД НУЛАТА – дознајте...

Само во ЕДЕН град во Македонија температурата е НАД НУЛАТА – дознајте каде

50

Како се слави во штаб:

Најстудено утрово е во Берово -9 степени и во Скопје, Прилеп, Маврови Анови, Крушево и Битола – 6. Во Тетово, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, Велес и Кавадарци се измерени -5, во Виница, Струмица, Дебар, Охрид и Куманово -4, во Гевгелија -2, а над нулата е само во Дојран со два степена, соопшти УХМР.

Најмногу снег има во Крушево 32 сантиметри, 15 во Пожаране и 7 во Берово.

Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево. По одделни котлини претпладне магливо, или со ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

ПретходнаВчера завршија изборите во Србија, опозицијата не ги признава резултатите: Излегуваат на улица
СледнаИсчезна двегодишно девојче, полицијата стравува од најлошото: Ситуацијата е опасна, температурите се ниски и во Германија