ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Опозицијата обвини: Вучиќ донесе 40.000 луѓе во Белград и со нови лични...

Опозицијата обвини: Вучиќ донесе 40.000 луѓе во Белград и со нови лични карти гласаа – ова е невидено

34

За да не ве мачиме, ќе ве информирам за правецот и политиката на Србија бидејќи нашите листи убедливо победија пред останатите кандидати, и на ниво на Србија и во градот Белград, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција во седиштето на неговата партија СНС.

Вучиќ кажа дека според прелиминарните резултати во Белград, листата „Србија не смее да запре“ несомнено освоила најголем број на гласови, иако опозицијата обвинувала за изброни нерегуларности и иако се надевале дека барем таму тие ќе бидат победници. Кога станува збор за покраниското собрание на Војводина кое брои 120 пратеници, партијата на Вучиќ, според него, освоила апсолутно мнозинство односно од 67 до 69 во зависност од финалниот исход.

-Донесени се 40.000 луѓе во Белград, со лични карти издадени во последните неколку месеци. Со автобуси и комбиња и гласаа за Белград, иако тие немаат никаква поврзаност со Белград, обвинија од опозициската „Србија против насилство“.

Како се слави во штаб: