Во тек на вчерашниот ден пошироката јавност се вознемири од објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која беше наведено дека е исчезнато младо момче од Струмица и се бараше помош за неговото наоѓање.
На шести декември оваа година, 29годишниот Марко Давчев ја напуштил државата и заминал за Бугарија, каде живее неговата мајка, дознава Читај.мк од извори во полицијата.
Тоа е три дена пред неговиот татко да го пријави исчезнувањето во полициската станица.
Како што дознаваме, родителите на Марко се разведени, тој е лице со попреченост и ова не е првпат да го снемува од дома и по неколку денови.