ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Полицијата не прави селекција: Во ПРИТВОР завршија и државни службенци – еве...

Полицијата не прави селекција: Во ПРИТВОР завршија и државни службенци – еве што направиле и како ја оштетиле државата

137

Им се допаднала локацијата во Старата Скопска чаршија и одлучиле да си ја присвојат, а објектот на локацијата кој бил културно наследство и заштитен со закон, со механизација, сред бел ден го рушат со месеци за да отворат простор за свој бизнис.

Станува збор за „Хотел Шар Ан “ кој повеќе не постои, а од утрово полицијата ги лови и приведува единаесетмината осомничени за неговото уништување. Деветмина од нив се најдени и приведени а двајца се во бегство. Извршени се претреси на повеќе локации и според полицијата собрани се голем број на докази.

Единаесетмината се товарат за злосторничко здружување, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство а петмина државни службеници се товарат и за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според официјалните информации од истрагата првоосомничен е претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор Мухамед Љамалари кој ја формирал и организирал криминалната група.

Во октомври почнува уривањето. Багери влегуваат на локацијата и сред бел ден, дел по дел, го снемува автентичниот објект Хотел „Шар Ан“.

На сцена стапуваат останатите државни службеници чија службена должност е заштита на културното наследство. Иако мораат, намерно не превземаат ништо.

Откако објектот не постои, второосомничениот до Катастарот поднесува барање за купување на парцелата, и со геодетскиот елаборат, кој го прави сопругата на осомничениот Африм Усеини, поранешен заменик директор на Агенцијата за катастар, се прави измена во парцелата која сега станува градежно неизградено земјиште.

Штетата според Обвинителството и МВР е проценета на 180 милиони денари а деветмината приведени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд.

ПретходнаШокантни бројки: Речиси 300 новозаразени со Ковид-19 во Бугарија, 48 завршиле во болница
СледнаСкопјани пресреќни: Доаѓа првиот снег во Скопје – Попоски откри кога