ПОЧЕТНА СВЕТ Во масовна тепачка во училиште повредени 49 лица – меѓу нив и...

Во масовна тепачка во училиште повредени 49 лица – меѓу нив и директорката: Вакво нешто досега не се памети во историјата на Германија

87

Во тепачка што вчера се случила во училиште во Берлин, повредени се 49 лица, меѓу кои и деца и директорката на училиштето.

Сѐ започнало со расправија меѓу ученици околу 10:30 часот, а набрзо работите излегле од контрола, а биле претепани и полицајците кои дошле да интервенираат.

Како што пренесуваат германските медиуми, тепачката ја започнале пет момчиња на возраст од 14 и 15 години. Во еден момент момче извадило бибер спреј и почнало да прска по учениците. Во еден момент му испаднало шишето и го грабнало друго момче, кое почнало да им прска бибер во очите на своите „противници“. Тогаш момчињата почнале да разменуваат удари и работите набрзо ескалирале.

Имено, во толпата влетале двајца професори за да ги раздвојат учениците, но и нив ги испрскале со бибер. Тогаш дотрчала директорката, која била турната од тепачите, па жената паднала и ја скршила раката.

Во меѓувреме некој повикал полиција, но недолго откако патролата пристигнала на местото, се појавил постариот брат (21) на едно од момчињата кои учествувале во тепачката, кој почнал да ги тепа полицајците. Набрзо бил совладан и соборен на земја, а во таа прилика му била исечена усната.

Истрагата за инцидентот е во тек, а се очекува да бидат поднесени пријави против повеќе лица за нанесување телесни повреди.

Се наведува дека бројот на повредени е голем, бидејќи многу деца и училишни работници се пожалиле на иритација на очите од бибер спрејот.

ПретходнаБубевски за убиствата на Вања и Панче: Доказите зборуваат на ист јазик со осомничените
СледнаНАЈНОВО: Македонија гласаше во ОН за прекин на огнот во Газа