ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Расте ли расте, нема крај: Минималната плата во март ќе биде 22.500...

Расте ли расте, нема крај: Минималната плата во март ќе биде 22.500 денари

346

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22. 500 денари. – Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.

500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши. Минималната плата сега изнесува 20. 175 денари.

Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8. 050 денари.

ПретходнаНе е виновен: Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски
СледнаАко излезам, ти си следна: Шокантна закана од малиот монструм Коста кон мајка си