ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дали реконструираниот булевар „Васко Карангелески“ е нова црна точка во сообраќајот?

Дали реконструираниот булевар „Васко Карангелески“ е нова црна точка во сообраќајот?

46

По подолго време Град Скопје ја заврши реконструкцијата на „Васко Карангелески“ што претсавува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром.

Новата улица, односно булевар „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром е во непосредна близина на ОУ „Љубен Лапе“, па затоа има голем број реакции од родителите дека поради недостатокот на сообраќајници знаци ова е нова „црна точка“ во сообраќајот во овој дел од општината.

Безбедноста на децата е загрозена и децата се секојдневно во опасност, потенцираат родителите.

Со став за ова се јави Марјан Лазаревски, кој живее во Аеродром и ќе го користи овој нов булевар.

– Град Скопје објави дека е завршена реконструкцијата на Васко Карангелески, која траеше 2 години, 3 месеци и 18 дена. По 840 дена, го добивме овој генијален инженерски крик – раскрсница која нема ни семафори, ниту било каков знак со кој се регулира сообраќајот. Решение, кое најверојатно било замислено како кружен тек, ама низ сите промени кои најверојатно настанале во меѓувреме, роден е “Франкенштајн” проект кој претставува потенцијална ЦРНА ТОЧКА и ризик за сите основци кои посетуваат настава во „Љубен Лапе”, вели тој во својата фејсбук објава.

– Ставете се во улога на дете, кое секој ден мора да ја минува оваа раскрсница најмалку два пати, пред и по училиште. На и онака конфузната раскрсница со брзи коли и лоша прегледност, додајте го и дополнителниот “ѕид од дрвја”, засадени кому-иде (за PR од типот „сечевме, ама засадивме повеќе”) и добивате рецепт за несреќа, алармира Лазаревски.

Булеварот „Васко Карангелевски“ е инвестиција која се реализира со средства од Градот Скопје и неговото финализирање е целосно во надлежност на градската администрација. Од општина Аеродром апелираа до Градот Скопје да ги преземе сите неопходни активности за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Извор: Скопје инфо

ПретходнаПРЕД неколку минути: Земјотрес во Македонија – ова се деталите
Следна„А1он“: Хамас киднапираше и девојка со потекло од Македонија, семјството бара помош од Еврејската заедница во земјава (ВИДЕО)