Во бугарскиот парламент вчера беше изгласана Декларација, за како што сто во неа, системско и методично нарушување на дијалогот помеѓу Македонија и Бугарија.
Декларацијата е донесена на предлог на проруската партија „Преродба“ и следи по изјавата на македонскиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Декларацијата се состои од три точки.
Во првата се повискува македонската Влада да ја изгради трасата од паневропскиот Коридор 8 на македонска територија, која води до Бугарија.
Во втората се повикува на продолжување на прекинатиот дијалог и запирање на „антибугарската кампања и провокативни изјави“ во Македонија, а во третата се потврдува војлјата на бугарската држава за организирање на заеднички историски настани и личности и несогласување со одрекувањето од заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членови на македонската Влада.