ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Со трактор сакал да влезе во казино во Битола

Со трактор сакал да влезе во казино во Битола

352

Зависноста од коцкањето добива алармирачки размери, особено кај младите луѓе.

„Нова мода“ во Битола. Инцидентите во казина и обложувалници се множат од ден во ден.

Во текот на минатата година според битолската полицијата евидентирани се 7 случаи, а само овој месец има два нови случаи на деструктивно однесување во објекти на казина. Психолозите алармираат на сѐ почесто навлекување на младите битолчани на коцкање.

Социјалните мрежи вријат по најновиот инцидент во Битола, кога маж од селото Олевени со трактор искрши влезна врата во казино во населбата Карпош во Битола. Минатата недела пак, млад маж се обиде за запали казино во строгиот центар на градот, во споредна улица на Широк Сокак. Најбизарната случка се случи во ноември лани, кога жител исто така на село близу Битола со трактор „парадираше“ на Широк Сокак во раните утрински часови, обидувајќи се да влезе со земјоделската машина во казино спроти хотелот „Епинал“ во срцето на градот.