ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Жител на тетовско го нападнал соседот поради паркинг место

Жител на тетовско го нападнал соседот поради паркинг место

104

Шеесет и шестгодишниот Р.Д. од тетовско Нераште, вчера во 17 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот и 30 минути пред неговиот дом физички бил нападнат од соседот С.Д., поради недоразбирања околу паркирање на нивните возила. Се расчистува и документира случајот.

Инаку полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 11 часот го привеле 40-годишниот Е.О. од гостиварски Равен, кој претходно бил пријавен од 57-годишниот гостиварец Ѓ.Ј. дека на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар физички го нападнал. Според пријавеното, причина за нападот биле недоразбирања во сообраќајот.