Ракометарите на Алкалоид и Вардар 1961 со победи го затворија овој дел од сезоната во Суперлигата.
Лидерот Алкалоид рутински се справи со составот на Тиквеш со 35-26. Тимот на Кире Лазаров сите дилеми околу победникот ги реши во првиот дел кој го доби со убедливи 21-9, па преостананитот дел од дуелот беше рутина, завршување на веќе започнатата работа.
Најефикасни играчи беа Петковски со девет и Серафимов со осум гола. Кај гостите од Кавадарци се истакна Кривокапиќ со шест реализации.
„Црвено-црните“ пак беа уште поубедливи во скопската пресметка со Бутел која заврши со 43-22. Иако домаќините не настапија во најсилен состав тоа не беше проблем да дојдат до убедливо славје за крај на годината.
Горига со 6 гола беше најистакнат поединец кај Вардар, а Узунчев со 7 беше најпрецизен кај поразените.