ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се стопираат етничките вработувања во администрацијата

Се стопираат етничките вработувања во администрацијата

28

Уставен поведе постапка за испитување на вработувањата по етнички клуч. Ќе ја проверува уставноста на законите кои ја регулираат примената на балансерот, бидејќи судот смета дека националната припадност не може да е услов за место во администрација. Таквите огласи биле спротивни на правата на граѓаните за еднаквост до сите работни места.

Со ваквата одлука времено нема да смее да се да се објавуваат огласи за вработување во кои услов ќе биде и етничката припадност.. Мерката ќе се применува се додека судот не донесе конечна одлука за уставноста на законите кои бараа изјаснување за националност.

Вработувањата според етничка припадност се применуваат од донесувањето на Охридскиот рамковен договор, но како што велат од Уставен, сега првпат добиваат иницијатива за преиспитување на алатката. Тоа пак предизвика жестокат дебата меѓу судиите. Сметаат дека во последните години служела само на политиката.

„Мерката која ја презела државата пред 23 години за остварување на рамноправноста на одредени заедници, тогаш била оправдана. Кога ќе ја изгуби смислата за своето постоење, таа продуцира нееднаквост“, изјави Дарко Костадиновски, судија известител.

„Од алатка и механизам за правична застапеност, „балансерот“ од 2016 година до денес се претвори во механизам за партизација, непотизам и корупција во јавниот сектор“, изјави Ана Павловска Данева, судија.

Во одбрана застанаа судиите кои ги претставуваат етничките заедници во Уставен. Предупредија дека одлуката може да ги наруши меѓуетничките односи.

„Ако имало злоупотреби, институциите биле должни да иницираат постапки за одговорност на лицата кои лажеле за својата етничка припадност“, изјави Осман Кадриу, судија.

Дали засекогаш ќе се укине вработувањето по етничка основа, Уставен ќе одлучи во наредните месеци. Во меѓувреме, ќе бара мислења од Собранието, Владата и министерствата кои работеле на законите за вработувања во јавен сектор и административни службеници.