Српскиот дуел во второто коло на УС Опен не понуди изненадувања, Новак Ѓоковиќ го прескокна предизвикот во името на Ласло Ѓере. Водеше вториот светски рекет со 2-0 во сетови и имаше 2-0 во третиот, а тогаш неговиот противник се повлече поради повреда и Ѓоковиќ се пласира во третата рунда.
Ѓере пружи солиден отпор, во првиот сет парираше и не дозволи брејк до самиот крај, пред Новак да дојде до 6-4. Во вториот дури аутсајдерот отвори подобро, одзеде сервис во третиот гем и потоа поведе со 3-1. Сепак, тогаш Ѓоковиќ се разбуди и почна да реди гемови, а со два брејка пак дојде до 6-4.
Веќе во третиот по два одземени гема Ѓере реши дека повеќе не може и се повлече од мечот. Следен ривал на Ѓоковиќ же му биде Попирин кој го исфрли Мартинез (3-0).
Според планот одигра Каспер Руд, кој во четири сета со 3-1 (6-4, 6-2, 2-6, 7-6) го совлада ветеранот Гаел Монфилс. Повеќе мака мораше да вложи Андреј Рубљев против Артур Риндеркнеч, бидејќи играше маратонски четири часа и пет сета (3-2).