Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако вечерва во Лондон во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 7:6, 6:4.
Првиот го доби со 6-4, во вториот се играше тајбрејк кој го доби Новак со 7-2, во третиот сет беше подобар со 6-4 за триумф од 3-0.
Во финалето кое ќе се игра в недела, Ѓоковиќ ќе игра против третопласираниот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз.
Минатата година овој меч го доби Шпанецот, па српскиот тенисер сега ќе има шанса за реванш.