Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште едно големо признание. Тие ја добија довербата од ЕХФ да го судат финалето во Лигата на шампиони на фајнл-фор турнирот во Келн.
Начевски и Николов се најдобри не само македонски туку и светски судии, а тоа може да се поткрпи со фактот дека имаат судено финалиња на сите големи натпреварувања, како што се Европско првенство, Светско првенство и Олимписките игри. Единствено им фалеше финале во Лигата на шампиони, а ЕХФ реши дека оваа сезона е ред македонската судиска двојка да ја дели правдата на мечот кој треба да го даде клупскиот континентален владетел.
Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 9 јуни во Келн.