Шеесет и тригодишник бил најден починат во куќарка за наплата на паркинг, утринава во скопската општина Центар.
Според првичните информации, скопјанецот Д.С. (63) починал додека бил на своето работно место. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.