Објавувајќи ја одлуката, премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција рече дека се работи за работни места за кои здравствените установи имаат доставено податоци за вработување на приоритетен кадар, меѓу другото, имајќи ги предвид и испразнетите места во установите по основ на пензионирања.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, ваквата владина одлука ја оцени за изборен поткуп.
Вкупно 1 117 лица – здравствени работници. помошно-технички работници, хигиеничари и возачи кои се ангажирани во здравствените установи во земјава на определено работно време, сега, со одлука на Владата, а предлог на министерствата за здравство и финансии, ќе добијат вработувања на неопределено.
Објавувајќи ја одлуката, премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција рече дека се работи за работни места за кои здравствените установи имаат доставено податоци за вработување на приоритетен кадар, меѓу другото, имајќи ги предвид и испразнетите места во установите по основ на пензионирања.
Министерот за здравство Фатмир Меџити, пак, истакна дека со инвестиции како оваа во јавното здравје се допринесува до зголемување на услугите и олеснување на пристапот до здравствените установи.
„Инвестирањето во здравствени работници е еден од најважните сегменти за иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е решавање на статусот на лекарите, болничарите, техничарите, на медицинскиот и немедицинскиот кадар со трајно вработување“, рече министерот за здравство.
Одлуката со која се решава работниот однос на над 1 000 лица во здравствените установи, како што изјави првиот човек на Финансии, Фатмир Бесими, пак, е во насока на владините приоритети за зајакнување на човечки капитал.